Скопје

Малолетници обиле и управувале багер, оштетиле возило и кабли

17.11.2024 12:19

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и е направена значителна материјална штета, соопштуваат од Општина Центар...

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и е направена значителна материјална штета, соопштуваат од Општина Центар.

Случајот е пријавен во полицијата од каде што е извршен увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста од последиците на ваквото однесување.

Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.