Украина

Русија изврши масовен напад врз украинскиот енергетски систем

17.11.2024 13:01

Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со околу 120 проектили и 90 дронови. На удар енергетски објекти. Експлозии одекнаа во Кривји Рих, Запорожје и Днепар...

Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со околу 120 проектили и 90 дронови. На удар енергетски објекти. Експлозии одекнаа во Кривји Рих, Запорожје и Днепар.

Во Одеса, делови од градот се без струја. Воздухопловните сили побараа жителите да се засолнат. Членката на НАТО, Полска, која граничи со Украина на запад, соопшти дека ги подигнала воздухопловните сили во нејзиниот воздушен простор како мерка на претпазливост поради рускиот напад, во кој, според Варшава, руските сили користеле крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала.