БЛИСКИ ИСТОК

Продолжува израелската офанзива во Либан и Газа

17.11.2024 13:01

Одново нападнати јужните предградија на Бејрут. Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа...

Одново нападнати јужните предградија на Бејрут. Продолжува израелската офанзива во Либан и во Газа. Милитантите Хамас и Хезболах возвраќаат.

Сирени за напад со беспилотни летала се огласија во голем број заедници во јужен и централен Израел. Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Нетанјаху во градот Цезареја. Три лица се уапсени.

Претседателот Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени во Азербејџан поради безбедносни грижи, соопшти неговиот кабинет. За време на протестите во Тел Авив за враќање на заложниците неколкумина се уапсени. Демонстрантите и оваа сабота побараа крај на војната на Блискиот Исток.