БРАЗИЛ

Утре почнува самитот на Г20 во Бразил

17.11.2024 13:02

Утре почнува самитот на Г20 во Рио де Жанеиро. Темата на состанокот е „Градење праведен свет и одржлива планета“...

Утре почнува самитот на Г20 во Рио де Жанеиро. Темата на состанокот е „Градење праведен свет и одржлива планета“.

Официјалната агенда вклучува дискусии за борба против сиромаштијата, глобалното владеење и енергетската транзиција. Војната во Украина и конфликтот на Блискиот исток исто така се на врвот на разговорите, како и безбедноста на храната.

За време на дводневниот собир треба да биде усвоена декларација која потенцира дека демократијата е во опасност кога екстремно десничарските сили промовираат дезинформации и повикува на реформа на Советот за безбедност на ООН, со поголемо учество на земјите од глобалниот југ.