Одбележување

Загадениот воздух и возраста ризик фактори за предвремено породување

17.11.2024 16:02

Секое шесто бебе лани било предвремено родено. Загадениот воздух и возраста на родилките – ризик фактори. И по четири месеци овие новороденчиња остануваат под надзор на Клиниката за гинекологија.

Во моментот повеќе девојчиња, отколку момчиња. 45 предвремено родени бебиња се згрижени во инкубатори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во моментов едно од бебињата повеќе од четири месеци е тука, но имало случаи кога шест месеци биле на ГАК. Докторката Петковска, вели даваме натчовечки напори за да се избориме за секое бебенце.

Но има и случаи кога бебињата имаат невроразвојни компликации. Причина за предвремените раѓања e аерозагадувањето.

И покачениот крвен притисок причина за предвремени породувања, затоа ГАК ќе почне бесплатна програма за скрининг со кој кај бремените жени ќе може да се детектира прееклампсија како ризик, навреме да се даде терапија и да се спречат компликации.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски