Македонија

Утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово

17.11.2024 17:47

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово...

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.

Настанот ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти во 11:20 часот, по што во 12:00 часот ќе следи официјалната седница.

Како дел од агендата, министрите од двете влади ќе одржат тет-а-тет средби. Тие ќе ги истражат можностите за продлабочување на билатералната соработка во повеќе области, со фокус на конкретни иницијативи кои ќе ги поврзат Македонија и Косово.

По завршувањето на седницата, ќе се потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка. Овие документи ќе создадат основа за нови иницијативи, проекти и активности кои ќе ги зајакнат односите помеѓу двете земји.

Седницата ќе заврши со заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти во 13:45 часот. На неа ќе бидат соопштени резултатите од дискусиите, како и идните чекори за соработка.