Назначен национален координатор
Актуелната директорка на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова ќе биде национален координатор за трансплантација. На оваа функција е назначена на вчерашната владина седница. Заживување на кадаверичната трансплантација е приоритетна цел на д-р Софијанова. Наскоро ќе бидат назначени болничките координатори на Карил, Нефрологија, Урологија. Нивна задача ќе биде да го помагаат процесот на донирање и пресадување органи. Потоа ќе бидат назначени и координатори во клиничките болници. Ќе се направи и национален регистар на потенцијалните органоприматели.

Актуелната директорка на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова ќе биде национален координатор за трансплантација. На оваа функција е назначена на вчерашната владина седница. Заживување на кадаверичната трансплантација е приоритетна цел на д-р Софијанова. Наскоро ќе бидат назначени болничките координатори на Карил, Нефрологија, Урологија. Нивна задача ќе биде да го помагаат процесот на донирање и пресадување органи. Потоа ќе бидат назначени и координатори во клиничките болници. Ќе се направи и национален регистар на потенцијалните органоприматели. Кадаверичната трансплантација ќе почне на Урологија со пресадување бубрег.
Соња Стојановска
