Двојно убиство и самоубиство во скопски Аеродром
Според првичните информации, Наташа во станот живеела со своите две деца и се подготвувала за одмор, на гости кај неа била Биљана и во еден момент на влезната врата се појавил Игор, кој по куса расправија со постарата сестра, ги убил...

Кобен ден за сестрите Наташа и Биљана, смртно ги застрелал убиецот Игор кој потоа се самоубил. Според првичните информации, Наташа во станот живеела со своите две деца и се подготвувала за одмор, на гости кај неа била Биљана и во еден момент на влезната врата се појавил Игор, кој по куса расправија со постарата сестра, ги убил. Соседите ги слушнале истрелите и пријавиле во полиција, не ги познавале жртвите.
„Викаат мажот ги убил двете сестри, дали е тој се самоубил или дошол некој друг да го убие него незнаеме чекаме да ни објаснат па за можеме да си одиме“.
„На петиот кат велат дека се случило. Не сум запознает што се случилио викаат двојно убиство, маж убил две сестри па се само убил“, велат соседите.
Игор убиството го извршил со пиштол кој најверојатно го поседувал со дозвола.
„Пиштолот е најден покрај неговото тело, ќе биде предаден на натамошно вештачење. Лицето претходно и е познато на полицијата, во 2004 година е поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Ќе се утврдува дали двете деца на Наташа биле сведоци на настанот. Ќе се бараат и мотивите.
Андријана Атанасовска
