Временска прогноза

Наутро студено, преку ден ќе преовладува сончево време

18.11.2024 08:04

Утринските температури се во интервалот меѓу минус 6 и 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Македонија денеска наутро е студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринските температури се во интервалот меѓу минус 6 и 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска наутро е студено со услови за појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.