Бајден одобрил оружје со долг дострел?
Вашингтон и одобри на Украина употреба на оружје со долг дострел на руска територија, пишуваат светските медиуми. Официјална потврда нема...

Вашингтон и одобри на Украина употреба на оружје со долг дострел на руска територија, пишуваат светските медиуми. Официјална потврда нема. Американскиот претседател Бајден одби да одговори на прашањето од новинарите за наводите дека решил да му одобри на украинскиот претседател Зеленски употреба на американски ракети врз цели длабоко на територијата на Русија. Одлуката која долго време ја бара Зеленски доаѓа откако Москва распореди речиси 50.000 војници во Курск и изврши масовни напади врз енергетската инфраструктура во Украина. Од денеска во земјата ќе бидат воведени рестрикции за електрична енергија на целата територија.
„Планот за зајакнување на Украина е план за победа што им го претставив на нашите партнери. Една од главните точки е долготрајна за нашата армија. Денес, многу се зборува во медиумите за тоа дека добивме дозвола за соодветните акции. Но, удари не се прават со зборови“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Претходно и Франција и Британија и дозволија на Украина да ги истрела нивните ракети со долг дострел длабоко на руска територија. Според аналитичарите, најновите потези на партнерите на Киев водат кон сериозна ескалација.
