Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“
На научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова...

Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
На научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова, најавија од Институтот.
