БЛИСКИ ИСТОК
Жртви и повредени во нападите врз регионот Тир во јужен Либан
18.11.2024 09:07
Израелската војска соопшти дека артилериските сили оперираат во јужен Либан. Продолжуваат и битките во Газа...

Израелската војска соопшти дека артилериските сили оперираат во јужен Либан. Либанското Министерство за здравство соопшти дека има жртви и повредени во нападите врз регионот Тир на југот на земјата.
Продолжуваат и битките во Газа. Десетици Палестинци се убиени или ранети во израелски напад во северниот дел на Газа. Армијата соопшти дека убила стотици милитанти во енклавата. Според израелскиот министер за одбрана Кац, враќањето на заложниците е најважната израелска воена цел.
