Андоновски во работна посета на Естонија
Како што соопшти Министерството, во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/)...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, е во работна посета на Талин, Естонија.
Како што соопшти Министерството, во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/).
Андоновски ќе се обрати на панелот насловен како „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, на кој ќе зборува за постигнувањата на новата Влада во поглед на новите електронски услуги, подобрувањето на процесите на управување и плановите и визиите со Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој.
На маргините на Самитот, планирано е Андоновски да оствари билатерална средба со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, како и со заменик министерката за дигитална трансформација на Украина, Валерија Ионан, стои во соопштението.
Андоновски е поканет и да присуствува на свечениот состанок кој го организира премиерот на Естонија, Кристен Микал.
