Ректорот Митрев ги повика професорите сами да формираат тим за оценување
За да излезе вистината на виделина и за да не се манипулира со јавноста ги повика тројцата професори кои штрајкуваат сами да формираат тим кој ќе оцени дали наставниците ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори...
Ректорот Саша Митрев го пресекува „Гордевиот јазол“ на штипскиот универзитет. За да излезе вистината на виделина и за да не се манипулира со јавноста ги повика тројцата професори кои штрајкуваат сами да формираат тим кој ќе оцени дали наставниците ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори.
Во соопштението до јавноста стои „доколку ги исполнувале условите, Ректорот јавно ќе им се извини на професорите во името на Универзитетот и ќе го разреши Деканот на Економскиот факултет поради грешки во водењето на постапката“, во спротивно бара професорите да се повлечат од сегашната претстава за да го заштитат угледот на Универзитетот и на високото образование во Македонија.
Штрајкувачите за овој случај бараа да реагира владата и ресорното министерството. Според Уставот тие неможат да се мешаат во автономијата на универзитетите. Единствено надлежен е просветниот инспекторат. Тој веќе донесе одлука до 15 август ректорската управа да ја повтори постапката и да направи увид во фактите. Оттаму толкуваат дека ова е обид на СОНК и професорите да направат притисок врз институциите за да донесат решение во нивна полза и да го исполитизираат случајот. И покрај сите понудени решенија штрајкот со глад продолжува.
„Се поставува прашањето, дали ректорот се сомнева во кредибилитетот на членовите коишто тој ги има делегирано во ова универзитетско тело“, рече Александар Костадиновски, професор.
„Се додека професорите не ги добијат своите звања што ги заслужуваат, ние сме овде и ги поддржуваме“, изјави Снежана Петрушева од СОНК.
Искуствата велат дека штајкот со глад е последна опција кога другите се исцрпени. Во овој случај и ректорот Митрев и просветниот инспекторат донеасоа неколку решенија за случајот на тројцата професори.
Викторија Тодоровска
