Сејдини поднесе оставка, вонредно Собрание на ФФМ на 22-ри декември

18.11.2024 09:59

Сејдини оставката ја достави пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.

Муамед Сејдини поднесе оставка од претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини оставката ја достави пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.

„Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години“, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

По оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22-ри декември.