Коби Мајкл: Израел е во војна, а не само во една воена операција
За ескалацијата на сосотојбите во појасот Газа, МТВ разговараше со Коби Мајкл од Националниот институ за безбедност во Израел.

За ескалацијата на судирите помеѓу израелската армија и палестинците, односно за интензивираните воени операции и офанзивата на израелската армија во појасот Газа, МТВ разговараше со Коби Мајкл од Националниот институ за безбедност во Израел.
Тој за МТВ оценува дека Израел е во војна, а не само во една воена операција. Според него, станува збор за интензивна воена операција против терористична организација која е семидржава или семи политичка структура со големи можности и мотивација.
Коби Мајкл оценва дека прекин на огнот нема да се случи наскоро.
„Мислам дека насилствата ќе продолжат и во наредните денови. Она што најмногу ги лути Израелците е што Хамас ги користи тунелите и покрај цивилните жртви на палестинска страна, ги користи како човечки штит и оттаму се прави голема штета на населбите во Газа и во израелските градови. Никој не е среќен кога во текот на ноќта се користат проектили,“ изјави за МТВ Коби Мајкл од Националниот институ за безбедност во Израел.
„Постојат 25 или 26 тунели што се уште не се откриени и мислам дека во наредните денови ова ќе биде главна цел на израелското воздухопловство. Но ова нема да биде единствена цел на воената операцијакоја има задача да ја елиминира воената структура на Хамас“, вели Мајкл.
