Преговори за парите од унгарскиот кредит
Власта и банките неделава ќе ги продолжат преговорите околу условите под кои ќе се пласираат средствата од унгарскиот заем кон македонските компании. Според најавите, до крајот на оваа седмица треба да се постигне конечен договор. Висината на каматата останува камен на сопнување ...

Ако владата и банкарите покажат флексибилност во преговорите, ќе има договор за условите и начините на дистрибуција на парите од унгарскиот кредит, смета економскиот аналитичар Абил Бауш. Тој вели дека без оглед на сè, мора да се најде начин да нема големо оптоварување на граѓаните, а во истовреме, да не се наруши банкарскиот систем.
Бауш очекува работите да бидат појасни по втората средба која треба да се случи неделава. Ставовите на власта и на банките се доближија за рочноста на кредитот, па ќе се користи формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата.
Од унгарскиот заем тежок половина милијарда евра, 250 милиони треба да одат за поддршка и за нови инвестиции во стопанството.
Неделава се очекува нова средба меѓу власта и претставниците на банкарскиот сектор во обид да се стигне со конечно решение.
Наташа Јанчиќ - Менковски
