Eкономијата и образованието во фокус на меѓународната конференција ICON BEST 2024
Во повеќе од девет сесии посветени на економијата, претприемништвото, дигитализацијата, маркетингот и човечките ресурси, истакнати домашни и меѓународни експерти и универзитетски професори ги изложија своите иновативни истражувања и резултати...

Науката ги има одговорите на глобалните предизвици, нејзино е да ги сподели со политичарите и со Владите, а тие треба да слушаат. Ова е една од пораките на академската фела на меѓународната конференција ICON BEST 2024 која денеска се одржа на Универзитетот Скопје.
Во повеќе од девет сесии посветени на економијата, претприемништвото, дигитализацијата, маркетингот и човечките ресурси, истакнати домашни и меѓународни експерти и универзитетски професори ги изложија своите иновативни истражувања и резултати, порача проректорот Ивановски.
Според глобалните истражувањата се очекува во 2027 повеќе од 30% од работните места да бидат заменети со машини и токму затоа неопходно е партнерството меѓу образовните и бизнис институции.
