Втор пораз на младите ракометарки на СП
Натпреварот се одигра во салата Парк во Струмица и беше неизвесен во сите 60 минути...

Младата женска ракометна селекција на Македонија го претрпе и вториот пораз на Светското првенство што се одржува во нашата земја, овојпат од Аргентина со 24 :22. Натпреварот се одигра во салата Парк во Струмица и беше неизвесен во сите 60 минути, а во двете полувремиња јужноамериканките беа подобри за по еден гол. Најдобра поединка беше Михаела Касасола со 8 погодоци, Росарио Урбан постигна 5, а кај Македонија најзабележителни беа Сара Ристовска со 6 гола, еден повеќе од Теодора Керамитчиева. Во дербито Данска беше подобра од Германија со 28 :24, а Романија убедлива над Узбекистан 42 : 22.
На табелата Данска и Романија водат со по 4 бода, пред Германија и Аргентина со по 2. Утре во 3 коло Македонија ќе игра против Романија, во мечот кој почнува во 17.15 часот. Претходно се среќаваат Данска и Аргентина, а во вечерниот термин Узбекистан и Германија.
