Образование

По повод Меѓународниот ден, студентите проговорија за проблемите со кои се соочуваат

18.11.2024 17:35

Квалитетно високо образование, помалку универзитети, нов модел на финансирање – пораки од Меѓународниот ден на студентите...

Повисок студентски стандард, квалитетно високо образование, повеќе пари за субвенциониран студентски оброк, подобрување на лошите услови во студентските домови, поголеми инвестиции во науката. По повод Меѓународниот ден, студентите проговорија за проблемите со кои се соочуваат.

Секогаш да поставуваат прашања и да бидат критички настроени кон авторитарните режими, порака од студентскиот правобранител.

За студентите е најважен квалитетот на високото образование. Побараа намалување на огромниот број студиски програми, но и промена во нивниот концепт зашто се соочуваат со недостиг на практични вештини.

Треба да се воведе бесплатно образование за најдобрите студенти како што е пракса во регионот за да ги задржиме студентите тука и да не одат да студираат во странство. За тоа е потребно промена на начинот на финансирање. Побарано и укинување на сите дополнителни давачки за студирање.

 

Александра Спировска