Гром повреди 4 лица и усмрти над 70 овци
23.07.2014 10:14
Несреќата се случила откако овчарите се обиделе да го заштитат стадото под дрво, на ливадите покрај селото...

Синоќа гром повреди 4 лица и усмрти над 70 овци, кози и неколку овчарски кучиња во битолското погранично село Граешница.
Повредени се двајца овчари од кои едниот бил два часа во безсознание, а вториот е згрижен во битолската болница.
Децата кои биле покрај стадото се исто така повредени, но полесно.
Несреќата се случила откако овчарите се обиделе да го заштитат стадото под дрво, на ливадите покрај селото.
Стадото не било осигурано.
