Кошарка

Мајами славеа со 106:89 против Филаделфија

19.11.2024 09:06

Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филаделфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази...

Мајами ја продолжи агонијата на Филаделфија. Предводени од поранешниот играч на Севентисиксерс, Џими Батлер, Хит славеа со 106:89. Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филаделфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази.

Мајами Хит победникот го решија од третата минута во втората до шестата минута во третата четвртина, период во кој резултатот беше 43:16.

Батлер го предводеше Мајами со 30 поени и десет скока, Тајлер Хиро додаде 18, а Данкан Робинсон постигна 13 поени. На спротивната страна се истакна Џеред Мекејн со 20 поени, Пол Џорџ уфрли со 18, а Ембид само 11.