Скопје утрово на осмо место по загаденост во светот
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 73,2 микрограми на кубен метар...

Македонската метропола повторно меѓу најзагадените градови во светот. Скопје денеска се најде на 8-то место присуство на штетни честички во амбиенталниот воздух, со индекс кој изнесува 154, според податоците на „Ај-Кју-Ер“ платформата.
Главен извор на загадување се ПМ 2,5 честичките, чие ниво е 60,2 микрограми на кубен метар, додека концентрацијата на ПМ 10 честички изнесува 73,2 микрограми на кубен метар. Овие вредности се далеку над препорачаните годишни граници на светската здравствена организација, при што концентрацијата на ПМ 2,5 е дури 12 пати повисока.
Најзагаден град изутрината е Њу Делхи во Индија, следуваат Лахор, Пакистан, Каиро и Египет.
На балканот, најблиску до Скопје е Сараево, кое се наоѓа две места подолу на листата. Екоактивистите предупредуваат на потребата од итни мерки за справување со аерозагадувањето, кое сериозно го загрозува здравјето на луѓето.
