Грузија

Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата

19.11.2024 09:33

Грузиската полицијата се судри со демонстрантите во Тбилиси кои не ги признаваат резултати од парламентарните избори на 26-ти октомври...

Грузиската полицијата се судри со демонстрантите во Тбилиси кои не ги признаваат резултати од парламентарните избори на 26-ти октомври.

Неколку лица се уапсени додека силите на редот се обидуваа со солзавец да го растурат митингот. Демонстрантите ветија дека ќе продолжат со борбата и ќе останат на улиците до нови избори во земјата.

Претседателката Зурабичвили, изјави дека Грузија станала жртва на притисокот од Москва против пристапувањето во ЕУ и најави жалба за изборниот резултат до Уставниот суд.