Врие на Блискиот Исток
Блискиот Исток не мирува, Израел и Хезболах продолжуваат со напади. Жртви и повредени има на двете страни...

Блискиот Исток не мирува, Израел и Хезболах продолжуваат со напади. Жртви и повредени има на двете страни. Експлозии одекнуваат и во Газа. Американскиот специјален пратеник Хохштајн пристигна во Бејрут на разговори за примирје. Додека Либан и САД тврдат дека е постигнат напредок во разговорите за прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели примирје со Хезболах е можно само под оган. Додаде дека со новоизбраниот претседател на САД ја споделуваат загриженоста за заканата што ја претставува Иран.
„Во моментов зборуваме за преговори за прекин на огнот во Либан и можни ангажмани што ги водат Американците. Но, тоа е можно да се направи само под оган. Во моите разговори со новоизбраниот претседател Трамп, морам да кажам дека не разговаравме за методите на работење, ниту за политиките, но можам да кажам дека гледаме очи в очи со иранската закана“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
