Г20

Земјите од Г20 објавија заедничка декларација на Самитот во Рио

19.11.2024 09:33

Борбата против гладот, климатските промени, заедно со напорите за реформирање на меѓународните организации влегоа во заедничката декларација на земјите од Г20 на првиот ден од состанокот во Бразил...

Борбата против гладот, климатските промени, заедно со напорите за реформирање на меѓународните организации влегоа во заедничката декларација на земјите од Г20 на првиот ден од состанокот во Бразил. Клучна точка на договор беше притисокот за реформирање на Советот за безбедност на ОН, со конечната декларација која повикува на „порепрезентативен, инклузивен, ефикасен, ефективен, демократски и одговорен“ совет. Лидерите од водечките светски економии, ја изразија својата посветеност за поефективно оданочување на супербогатите и ја повторија меѓународно договорената цел за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

„Меѓународната даночна соработка е клучна за намалување на нееднаквостите. Данокот од 2% на богатството на супербогатите би можел да генерира ресурси од околу 250 милијарди долари годишно за да се инвестираат во справувањето со социјалните и еколошките предизвици на нашето време“, изјави Луис Инасио Лула да Силва, претседател на Бразил.