Колкав е бројот на украдени артефакти низ земјава
Истрагата во Музејот Македонија открива дека и други музеи останале без вредни артефакти. Со години наназад не било евидентирано ниту пријавено исчезнувањето на предмети. Пред полициските инспектори се изјаснуваат вработените во Музејот. Во Комисијата која вршела надзор на работата во Музеите членувале и вработени од Музејот на Македонија кои препорачувале бришење на исчезнатите предмети од евиденцијата, наместо да се отвори истрага .

Истрагата во Музејот Македонија открива дека и други музеи останале без вредни артефакти. Со години наназад не било евидентирано ниту пријавено исчезнувањето на предмети. Пред полициските инспектори се изјаснуваат вработените во Музејот. Во Комисијата која вршела надзор на работата во Музеите членувале и вработени од Музејот на Македонија кои препорачувале бришење на исчезнатите предмети од евиденцијата, наместо да се отвори истрага . Се уште не е утврден бројот на артефактите кои недостигаат. МВР до Јавното обвинителство поднесе извештај во кој бил направен пресек за сите сознанија и докази обезбедени во досегашната истрага. Во него низа недоследности, прекршување на правилата за работење и злоупотреби на службената положба.
Наташа Гркова Петрушевска
