Политика

ДУИ контра Курти, Вреди со поддршка

19.11.2024 12:57

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Албанија, Еди Рама се најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа, напиша на социјалните мрежи, министерот за здравство Арбен Таравари...

Изјавата на косовскиот премиер Курти дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија, предизвика бурни реакции кај ДУИ. Ја осудија и ја оценија како скандалозна и штетна.

Потпретседателот на партијата Османи смета дека Курти ја поткопува точката од Охридскиот договор која регулира употреба на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека албанскиот јазик е официјален и дека „ќе го заштитат“.

Двајцата ја поврзаа изјавата на Курти со антиалбанската политика што, како што тврдат, доминира во Македонија. Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Албанија, Еди Рама се најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа, напиша на социјалните мрежи, министерот за здравство Арбен Таравари.

Според Таравари, кој мисли поинаку ја сменил ДНК на Албанецот со ДНК од интерес.