Град со големина на орев ги уништи ресенските јаболка

23.07.2014 10:39

Градот кој паѓаше околу 10-тина минути со големина на орев, ги зафати и селата кои имаат најголем број садници на јаболка...

Град, ветер и пороен дожд ги поплавија улиците на Ресен.

Градот кој паѓаше околу 10-тина минути со големина на орев, ги зафати и селата кои имаат најголем број садници на јаболка.

Плодовите се речиси уништени и неупотребливи, а страдаа и покривите на куќите и автомобилите.

Формиран е кризен штаб кој веднаш замина на увид на лице место.

Штетите допрва ќе се утврдуваат.