Инфраструктура

Николоски: Прво ќе се ревидира проектот, па ќе продолжи градбата на пругата кон Бугарија

19.11.2024 17:08

Вардарската долина е природен тек каде треба да поминува брзата пруга од железничкиот Коридор 10, вели министерот Николоски. До крајот на јануари целокупната експропријација за Коридорите 8 и 10 ќе биде завршена...

Бугарија работи на алтернатива, со железничко поврзување на Коридорот 10 да ја заобиколи Македонија – вели министерот Николоски и токму затоа Коридорот 10 е приоритет. Според него, Вардарската долина е природен тек каде треба да поминува брзата пруга од железничкиот Коридор 10. Најавува конкретни решенија за околу два месеца. И средба со Европската банка за обнова и развој.

Никој не е наивен да верува дека 24 километри чинат 560 милиони евра, вели Николоски, па неопходно е да се направи ревизија на проектот и цената од македонска страна.

Од бизнис-секторот апелираат што поскоро железничко поврзување со Драч и Солун, па потоа со Бургас и другите црноморски пристаништа.

Со претставници од Бугарија ќе се разговара за железничкото поврзување кон крајот на месецов. Досега е договорено заедничко проектирање за тунелското решение кое ќе ги поврзува двете земји и заеднички изведувач.

До крајот на јануари целокупната експропријација за Коридорите 8 и 10 ќе биде завршена-вели министерот Николоски.

За две години само 25 отсто од експропријацијата биле завршени, а во следните шест месеци се најавуваат останатите 75 отсто.

 

Александра Велинова