Врсничкото насилство во училиштата го вклучи алармот кај надлежните институции
Моменталната состојба во училиштата алармантна, го вклучи алармот кај надлежните институции. Се бара вложување на средства, кадровско екипирање и едукација. Испратена порака – децата мора да се воспитуваат од мали нозе дека конфликтите треба да се решаваат преку дијалог, а не на сила ...

Поразителна статистика. Две третини од децата биле сведоци на врсничко насилство. Мал дел од нив го препознаваат психичкото насилство, нивната возраст повеќе ги перципира физичките пресметки. Учениците сведочат за немилите настани.
Иако анализите покажуваат дека врсничкото насилство доминира во основните училишта, не се имуни ниту средношколците. Директорите на училишта за средно образование обединети. Врсничкото насилство е сеприсутна појава. Нивните педагошки служби секојдневно работат со учениците на оваа тема.
Бајрамовска Мустафа од канцеларијата на Народниот правобранител, посочи дека забележан е тренд на пораст на врсничкото насилство.
Се пријавуваат екстремните случаи за кои потоа се информира и Државниот образовен инспекторат, кој потоа го процесуира случајот. Експертот во областа на правата на децата Јованова, со став дека само преку разговор и едукација до будење на свеста кај децата за последиците од врсничкото насилство.
Кампањата за подигање на свеста против врсничкото насилство е финансирана од ЕУ.
Марина Стојанова - Тонева
