Воен конфликт
Украина истрелала шест американски ракети врз областа Брјанск, Москва соборила пет
19.11.2024 14:48
Делови од ракетата паднале на подрачјето на воен објект, соопшти Министерството, без да прецизира кој објект е во прашање.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети „АТАКМС“ (ATCMS) врз руската област Брјанск, која се наоѓа 400 километри јужно од Москва.
Во соопштението, Министерството наведе дека рускиот ракетен систем „Панцир“ ноќеска соборил пет ракети, а една била оштетена.
Делови од ракетата паднале на подрачјето на воен објект, соопшти Министерството, без да прецизира кој објект е во прашање.
Ова следи два дена по одлуката на Вашингтон да ја укине забраната дадена на Украина за употреба на американски ракети со долг дострел за напади врз цели во Русија.
