тутунопроизводство

Почна откупот на тутунот со калкулации

19.11.2024 18:25

Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта, но со калкулации. Од 10-те откупувачи само две компании отворија неколку пунктови во земјава. Тутунарите претпазливи и сакаат повисоки цени …

Бојан Ристески има три и пол тони тутун и договори со четири компании. Родот не го носи на вага, ќе чека повисоки цени.

Од 10-те откупувачи само три потврдија дека ја почнуваат откупната кампања на годинашнава реколта тутун. Другите немаат ниту навестено, меѓу кои и Прилепскиот комбинат. Компаниите калкулираат, тутунарите пресметуваат. Ќе се инсистира на повисока цена.

Цените се на ланското ниво 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа. Побарувачката е многу поголема од понудата. Компаниите бараат 26.000, а реколтата е околу 17.000 тони тутун.

 

Елизабета Митреска