ЈП Водовод и канализација – Скопје
Без вода утре делови од општина Карпош
19.11.2024 20:34
Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б...

Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинато водоснабдувањето ќе имаат корисниците на ул. „Варшавска“ односно потегот од ул. „Виенска“ до ул. „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Поради изведување водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „Скупи“ 3а/бб (спроти „Олимпико“), прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и корисниците на ул. „Скупи“ – крак 3а, 5а и населбата Криви Дол во општина Карпош.
