Двојно убиство

Денеска ќе продолжи судењето за двојното убиство

20.11.2024 08:11

Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци на предлог на Обвинителството...

Во Основниот кривичен суд Скопје ќе продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци на предлог на обвинителството.

Не е познато дали овојпат ќе сведочи и пријателот на татково на Вања, Гоце Трајковски којшто прв го забележал возилото пунто со кое била киднапирана малолетната жртва.

Трајковски на претходното судење не се појави поради паничен напад. Досега сведочеа блиски роднини на мајката и таткото на Вања, како и членови на партијата „Десна“ сопартијци на првоосомничениот Љупчо Палевски.