Блиски Исток

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат

20.11.2024 08:19

Над 200 деца се убиени, а 1.100 се повредени само во последните два месеца во Либан, тврдат од УНИЦЕФ...

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Над 200 деца се убиени, а 1.100 се повредени само во последните два месеца во Либан, тврдат од УНИЦЕФ. Американскиот функционер Хохштајн од официјалната посета на Либан сигнализираше напредок во обидите да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху и новиот министер за одбрана Кац се сретнаа со војниците на непозната локација во Газа. Ветија награда од пет милиони долари на секој што ќе помогне во ослободувањето заложник од рацете на Хамас.