Одложена пресудата на Трамп во Њујорк
Њујорк соопшти дека се согласува да го одложи изрекувањето на пресудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот против него за тајна исплата на пари во обид да прикрие афера...

Окружното обвинителство на Менхетен, Њујорк соопшти дека се согласува да го одложи изрекувањето на пресудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот против него за тајна исплата на пари во обид да прикрие афера.
Адвокатите на Трамп тврдат дека пресудата треба да биде отфрлена поради одлуката на Врховниот суд за претседателскиот имунитет, како и поради тоа што Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа.
Во меѓувреме, претседателот на Претставничкиот дом Хаким Џефрис е реизбран за лидер на демократите добивајќи поддршка од своите колеги, и покрај неможноста на партијата, на изборите на 6-ти ноември да ја врати мнозинската контрола во Претставничкиот дом на САД.
