Во Собранието седница на три комисии
Денеска во Собранието седница ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за локална самоуправа и Законодавно правната комисија...

Денеска во Собранието седница ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за локална самоуправа и Законодавно правната комисија.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика членовите ќе расправаат по Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за локална самоуправа е Предлог законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка во второ читање.
На седницата на Законодавно правната комисија ќе се дискутира по Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, и двата во второ читање и Барањето за давање на автентично толкување на член 13 од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13,158/14,193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 152/19), поднесено од градоначалникот на Општина Пробиштип.
