Денеска седница на Уставен суд
Законот за данок за солидарност, денеска на седница на Уставниот суд, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови...

На денешната седница на Уставниот суд, ќе се најде и Законот за данок за солидарност, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови.
Како што појаснија од Уставен суд подносители на иницијативите се Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска, потоа на Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски, на ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, на Стопанска комора на Северозападна Македонија Скопје и на Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зекири + Партнер ДОО.
Во иницијативите се оспорени Законот за данок за солидарност во целина и посебно делот: „или 2021 година“ од член 6 став 14 од истиот закон.
