Денеска 505-та седница на Судскиот совет
На дневниот ред се повеќе точки, меѓу кои барања на судии за надомест за патни трошоци и закупнина на стан, како и жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Битола...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 505-та седница со почеток во 10 часот.
На дневниот ред се повеќе точки, меѓу кои барања на судии за надомест за патни трошоци и закупнина на стан, како и жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Битола.
Советот денеска ќе го разгледува и усвојувањето на записникот од претходната седница, утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија, и донесување одлуки за престанок и избор на судии поротници.
Исто така, ќе се формира комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите и ќе се донесе одлука за денот на спроведување на изборот.
На седницата ќе се разгледуваат и извештаи од работни групи за Апелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци и Основен суд Гевгелија, како и известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.
