Денеска се одбележува Светскиот ден на ХОББ
По повод одбележувањето на Светскиот ден во библиотеката на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје ќе се одржи прес-конференција...

Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста.
Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред сè дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. По повод одбележувањето на Светскиот ден во библиотеката на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје ќе се одржи прес-конференција.
Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Димитар Каркински појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.
