Македонија
Владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината“
20.11.2024 08:55
Седницата се одржува по повод Светскиот ден на детето.

Во свечената сала во Владата денеска ќе се одржи седница под слоганот „Слушнете ја иднината“, каде што децата заедно со премиерот и министрите ќе разговараат за климатската и еколошка криза, напредните технологии и демографски промени.
Седницата се одржува по повод Светскиот ден на детето.
По завршување на настанот во 12:30 часот прес-конференција во медија центарот на Владата ќе одржи премиерот Мицкоски.
