САД

Трамп го номинира познатиот д-р Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд

20.11.2024 09:00

Трамп, кој го поддржа во таа трка, рече дека сега тесно ќе соработува со Роберт Кенеди Јуниор, кого го избра да биде секретар за здравство и благосостојба.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека го избрал познатиот лекар Мехмет Оз да ја предводи огромната американска програма за јавно здравствено осигурување – федералната агенција Центри за Медикер и Медикејд(CMS).

Оз, познат како „Д-р Оз“, во 2022 година имаше неуспешен обид за кандидирање за американскиот Сенат.

Трамп, кој го поддржа во таа трка, рече дека сега тесно ќе соработува со Роберт Кенеди Јуниор, кого го избра да биде секретар за здравство и благосостојба.

Новоизбраниот претседател вели дека двајцата ќе се справат со „индустрискиот комплекс на болести и сите ужасни хронични болести што останаа зад него“, како и да стават крај на „расипништвото и мамењето“.