ГРЦИЈА
Во Грција почнува 24-часовен штрајк, синдикатите бараат зголемување на платите
20.11.2024 09:32
Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Мицотакис дека не успеала да се справи со инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

Во Грција почнува 24-часовен штрајк. Синдикатите бараат зголемување на платите. Не работат владините институции, училиштата, болниците и јавниот транспорт, вклучувајќи ги железничките услуги и фериботите.
Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Мицотакис дека не успеала да се справи со инфлацијата и зголемените трошоци за живот.
Минималната плата во Грција е 900 евра, додека цените во малопродажбата, телекомуникациите и енергијата се меѓу највисоките во Европа. Мицотакис неодамна вети дека ќе ја зголеми минималната плата на 950 евра, но критичарите тврдат дека тоа не е доволно.
