Аерозагадувањето руши рекорди, Скопје прв најзагаден град во Европа
Граѓаните се жалат од загадениот воздух, велат секојдневно ги чувствуваат последиците врз здравјето. До Народниот правобранител се поднесени 20 претставки. Надлежните велат мораме да се соочиме со реалноста – или ќе плаќаме казни или тие пари ќе ги насочиме кон инвестиции и решавање на причините за аерозагадувањето …

Граѓаните се жалат од загадениот воздух, велат секојдневно ги чувствуваат последиците врз здравјето. И покрај алармирањето состојбата со години не се менува. Единствен начин да се заштитат е да не излегуваат од дома.
Секое 6-то до 7-мо предвремено новородено бебе е последица на загадениот воздух-велат докторите. Според нив аерозагадување е причина и за други болести.
До Народниот правобранител пристигнати се 20 претставки за загаден воздух. Иако Уставот гарантира право на здрава и чиста еколошка средина, состојбите и реалноста не одат во прилог на уставните заложби, истакна омбудсманот Зибери. Тој ги посочи причинителите за ваквата состојба.
Мораме да се соочиме со реалноста – или ќе плаќаме казни или тие пари ќе ги насочиме кон инвестиции и решавање на причините, а не да се бавиме со последиците. Гасификација на урбаните средини е едно од решенијата – посочи министерот за животна средина Изет Меџити.
СДСМ со став дека Владата не презема ништо против аерозагадувањето. Вицепремиерот не ја говори вистината, кога како решение нуди гасификација-велат од партијата. Обвинуваат дека во новиот Буџет преполовени се парите наменети за овој проект.
Марина Стојанова Тонева
