НБА
Филаделфија не размислува за отпуштање на Нерс и покрај катастрофалниот почеток на сезоната
20.11.2024 12:16
Филаделфија ја започна сезоната 2024/25 во НБА-лигата со биланс 2-11 и е на дното во поредокот на Источната конференција...
Сопствениците на Сиксерс не размислуваат за отпуштање на главниот тренер Ник Нерс и претседателот Дерил Мори, и покрај катастрофалниот старт.
По четвртиот последователен пораз, од Мајами 89:106, се одржа состанок на раководството, стручниот штаб и тимот.
На состанокот, кошаркарот Тајрис Макси го критикуваше соиграчот и лидерот на 76-ките, Џоел Ембид дека доцни на тимските настани, обвинувајќи го поранешниот МВП на лигата за доцнење за „сè“ и како тоа влијае на тимот, од играчите до стручниот штаб. Центарот ја прифати оваа забелешка.
