Фудбал

Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити

20.11.2024 12:20

Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласил да го продолжи договорот со „Граѓаните“, објави „Атлетик“.

Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови.

Договорот на Шпанецот со Манчестер сити истекува идното лето. „Граѓаните“ по 11 кола собраа 23 бода и се на второто место на табелата во Премиер лигата.

Тимот ги загуби последните четири натпревари во сите натпреварувања.