Четврта жртва на бактеријата листерија
На клиниката за инфиктивни заболувања во моментов нема хоспитализирани пациенти со листерија, а значително е подобрена и стабилна здравствената состојба на доенчето...

Од Инфективната клиника информираат дека во текот на ноќта е почината пациентката со листериозен менингоенцефалит, што подолг период се лекуваше на одделението за интензивна нега на оваа клиника.
Станува збор за пациентка на возраст од 55 години, хоспитализирана на 07-ми јуни на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката. Веднаш е отпочнат третман со антибиотска терапија, антиедематозна, диуретска, антикоагулантна, антиулкусна и останата супортивна терапија.
Дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба, но во текот на вчерашниот ден настапува нагло влошување на состојбата со застој на срцето и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.
На клиниката за инфиктивни заболувања во моментов нема хоспитализирани пациенти со листерија, а значително е подобрена и стабилна здравствената состојба на доенчето хоспитализирано на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести во Скопје.
