Расте бројот на бездомни лица
Без покрив на главата и без социјална помош. Од година на година се зголемува бројот на бездомници. Во Битола на листата за згрижување се над дваесет бездомни лица. Бараат шанса за вработување...

Дваесет години без кров над главата, дом им е улицата. Битолчанецот Аки и неговиот син Џемаил се згрижени во пансионите во центарот на градот под закрила на општина Битола и општинската организација на Црвен крст. Не се корисници ниту на социјална помош. Велат продажбата на картони, старо железо и пластика не е спас од живејачка под ведро небо.
Според психолозите семејното насилство, пороците, психолошките проблеми се едни од причините за живејачката на улица.
14 илјади месечно за згрижено лице – локалната самоуправа четврта година по ред со поддршка за бездомниците. Податоците покажуваат дека од година на година се зголемува бројот на бездомници.
Ако во 2017-та во период на студениот зимски бран од страна на општинската организација на Црвен крст-Битола биле згрижени четири лица, се на листата на згрижување се над 20 бездомници.
Ружица Ѓоршевска
