Рикер за МТВ: Непријатно е да се поставуваат нови услови, по членството на Македонија во НАТО
Дипломатот смета дека е непријатно за државата да се поставуваат нови услови, по членството во НАТО во 2020, но истакна и дека сегашната влада е посветена на интегративниот процес во Европската унија.

Нашата цел секогаш била Македонија да биде дел од евроатлантските институции. И покрај етничките прашања, државата е успешна приказна, изјави за Македонската телевизија во Белград, Филип Рикер, поранешниот американски амбасадор во земјава.
Дипломатот смета дека е непријатно за државата да се поставуваат нови услови, по членството во НАТО во 2020, но истакна и дека сегашната влада е посветена на интегративниот процес во Европската унија.
„Се надеваме дека европскиот процес и европското членство ќе се случат наскоро, затоа што беше решено прашањето со името. Според мене, е многу непријатно и други прашања да се поставуваат. Мислам дека е важно за секого, малку да подзастанат и да се решат, што навистина е важно за нив, која вистинска вредност се добива со интеграцијата. САД не се членки на Европската унија. Затоа ние не можеме да решиме наместо Европската унија или да понудиме гаранции. И мислам дека и за ЕУ е тешко да понуди гаранции бидејќи е составена од 27 членки и мораат да се договорат за работите. Навистина се надевам дека ќе најдете начин да продолжите натаму. Зборував со премиерот Мицкоски и знам дека тој сака Северна Македонија да се напредува. И го поддржувам во напорите“, изјави поранешниот амбасадор Рикер.
